Меѓународен проект Еразмус+: Деца од „растурени“ семејства 2018

Нашето училиште започна со реализација на проектот KA229 „Деца од „растурени“ семејства“ (Broken Family Children), во рамки на програмата Еразмус+.  
Целта на проектот е преку обуки и работилници наставниците да стекнат нови знаења и вештини за подобрување и зајакнување на емоционалниот и социјалниот развој на децата. 
Во периодот од 02 - 05.12.2018 година беше одржан првиот транснационален координативен состанок во Тарсус, Турција, која е и координатор на проектот. 
На состанокот присуствуваа членови од партнер-училиштата од Романија, Полска, Италија и Македонија. Од нашето училиште беа присутни директорот Виолета Поповска и координаторот на проектот, Биљана Арсова. На средбата се дискутираше за управување со проектот, имплементација и дисеминација.