Празнување на патрониот празник 2018

Основното училиште „Кирил и Методиј“ од населеното место Стајковци, го прослави својот патронат.

Пред присутните гости свое обраќање имаше градоначалникот Борис Георгиевски, кој го честита патронатот на училиштето. Градоначалникот истакна дека заедно со МОН се разговара ова основно училиште да добие нова спортска сала.

Одбележувајќи го денот на училиштето, по трет пат беа организирани и меморијални училишни игри во чест на прерано згаснатиот млад живот на Иван Илиев.

Празнување на патрониот празник