Презентации на тема „Грижа за книгите и како да ги чуваме книгите“ и „Однесување во библиотека“ 2018

На 17.03.2018 година, училишниот библиотекар одржа презентации и предавања за учениците од III и IV одделение на тема „Грижа за книгите“ и „Правила и навики за однесување во библиотека“, преку кои се претставија примери и упатства за правилна грижа за книгите и начини на однесување во библиотека. Учениците активно учествуваа и даваа предлози и мислења за темите.