Европската недела за помалку отпад 2017 - 2

Во текот на изминатата недела, учениците и наставниците од централното и подрачното училиште се вклучија во одбележување на Европската недела за помалку отпад, во чии рамки се организираа повеќе активности.

Се вршеше расчистување на училишните дворови, учениците се едуцираа за постапките на компостирање, рециклирање и селекција на отпадот, се делеа флаери во блиската околина, се изработија кутии за отпад, постери, флаери, презентации, пораки и ликовни творби.

Сите активности се насочени кон подигање на свеста за одржливо управување со отпадот, активно вклучување во собирните акции во и надвор од училиштето, како и развивање свест за последиците и придобивките од (не)селектирање.