Тековна реконструкција 2017

Градоначалникот на општина Гази Баба, директорката на ООУ „Кирил и Методиј“ - Стајковци, секретарот на МЗ Стајковци и стручните лица од општината извршија увид во градежните работи на ПООУ „Кирил и Методиј“ - Страчинци, каде во тек е реконструкција на училиштето.
Реконструкцијата подразбира целосна замена на кровната конструкција со поставување керамиди, за која училиштето има добиено донација од УНЕСКО во висина од 50.000 долари. Исто така, ќе се врши и замена на дрвените прозорци со PVC термо-прозорци, замена на подовите во училниците, реконструкција на санитарните јазли и поставување котел за парно греење на пелети наместо досегашното затоплување на дрва.
По завршувањето на реконструкцијата на училиштето, ќе се направи и потпорниот sид пред училиштето, кој беше срушен од поплавата минатата година.
Финансиските средства во висина од 3.000.000 денари за реконструкција на подрачното основно училиште во Страчинци ги обезбедија општина Гази Баба, ООУ „Кирил и Методиј“, како и фирми кои донираа средства за време на поплавата која ја зафати општината во август, 2016 година.