Нови наслови 2018

На 09.02.2018 година, НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје подари 62 книги и електронски оптички дискови ДВД и ЦД-РОМ на училишната библиотека, како резултат на нашата долгогодишна соработка.

Меѓу книгите има лектири и најнови изданија на издавачите: Детска радост, Македонска реч, Топер, Култура, Слово љубве, Стрип квадрат, Дирекција за култура и уметност, Македоника литера, Три, Александар & Александар и Антолог.

Еве некои од насловите: 
„Другата Марта“ – Горјан Петревски
„Божественото во себе“ – Моника Стојанова
„Девојчињата се чудни“ - Горјан Петревски 
„Двете принцези“ - Натали Спасовска 
„Бабичка гангстер“- Дејвид Валијамс
„Рингишпил“ - Љиљана Атанасова
„Жолтите џуџиња“ - Јустејн Гордер

Новите книги ќе бидат достапни за читање и изложени во училишната библиотека од 12.02.2018 година и учениците и вљубениците во пишаниот збор ќе можат да ги разгледаат и да си изберат дело по свој вкус.