Детски лирски треперења 2017

Во периодот од 26-28.05.2017, традиционално, се одржа фестивалот „Детски лирски треперења“ во детското одморалиште „Радости“ - Охрид.
Нѝ претставува особена чест и задоволство што и оваа година учествувавме на ова прекрасно литературно дружење, од каде понесовме убави спомени.
Ученичките Зорана Станковска (VII-1) и Суада Имери (IX-3) беа наградени со дипломи за најдобри творби.
Учениците беа придружувани од предметниот наставник по македонски јазик, Анета Кузмановска, како и училишниот библиотекар, Вера Стојаноска.