Посета на Матка 2017

На 13.05.2017 година, тим од ученици, родители и наставници реализираа посета на кањонот Матка и учествуваа во истражувачка активност, како фаза од проектот МИО, со наслов „Квалитетот на водата и богатството на флора и фауна во скопскиот регион“. На активноста ѝ претходеа подготовки со изработка на хербариум и дигитален инсектариум, во кои сите одбрани учесници беа активно вклучени. Дружењето и насмевките на учениците покажуваат дека ваков вид проекти ќе бидат добредојдени и во иднина.