Посета на експерти 2017

Денес нашето училиште беше посетено од тим предводен од советници од Бирото за развој на образованието на Република Македонија и експерти по математика и природни науки од Кембриџ, Англија. Во текот на посетата имаа состанок со директорот на училиштето, г-ѓа Ана Петровска, проследија реализација на неколку наставни часови по предметите природни науки и математика во одделенска настава, како и час по биологија. На крајот од посетата се реализира состанок со наставниот кадар кој работи по оваа програма. Наставниците имаа можност да се произнесат за имплементацијата на програмата. Се разменија конструктивни мислења за начинот на имплементација и можности за идна соработка.