Општински натпревар по биологија 2017

На 04.03.2017 година, ООУ Кирил и Методиј - Стајковци, општина Гази Баба, беше домаќин на општинскиот натпревар по биологија и природни науки за ученици од IV-IX одделение. На натпреварот учествуваа ученици од ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Дане Крапчев”, ООУ „25 Мај”, ООУ „Наум Охридски” и ООУ „Кирил и Методиј”. Натпреварот помина во најдобар ред.